Разоткривање митови

Дали се чувствувате како да сте слушнале толку многу информации, некои на граница на научна фантастика, некои дури бесмислени и веќе не сте сигурни што е вистина? Толку затоа, ова е место на кое ќе се обидеме да ги објасниме митовите и разоткриеме зошто се неточни, од научна гледна точка.

Неточно! МОЖЕ да се заразите со COVID-19, без разлика на тоа колку е времето сончево и топло. Земји со топла клима имаат пријавено случаи на заразени со COVID-19. За да се заштитите често и темелно мијте ги рацете и избегнувајте допирање на очите, устата и носот.

Извор: WHO

Неточно! Може да се излекувате од заболувањето COVID-19. Ова НЕ значи дека ќе го имате цел живот. Повеќето луѓе заразени со новиот коронавирус може да се излекуваат и да го елиминираат вирусот од нивниот организам за време од 2-4 недели. По оздравувањето, Вие имате развиено антитела против вирусот кои можат да Ве заштитат ако повторно дојдете во контакт, сепак ова не е сеуште потврдено.

Извор: WHO

Неточно! Задржувањето на здивот 10 секунди или повеќе без закашлување или чувство на неудобност НЕ ЗНАЧИ дека сте слободни од коронавирус или било кое друго белодробно заболување. Правилниот начин на кој се потврдува дали го имате вирусот е со лабораториски тест.

Извор: WHO

Неточно! Конзумирањето на алкохол НЕ Ве заштитува од COVID-19. Честата и прекумерна конзумација на алкохол го зголемува ризикот од здравствени проблеми.

Извор: WHO

Неточно! Според досегашните докази, COVID-19 вирусот МОЖЕ да се шири во сите подрачја, вклучувајќи ги и подрачјата со топла и влажна клима. Независно од климатските услови, почитувајте ги заштитните мерки ако живеето во, или патувате во подрачје со регистрирани случаи на коронавирус COVID-19.

Извор: WHO

Неточно! НЕМА причина да се верува дека ладното време и снегот можат да го “убијат” новиот коронавирус или други болести. Нормалната телесна температура на човечкото тело останува околу 36.5°C до 37°C, без обзир на надворешните температури и временски прилики.

Извор: WHO

Неточно! Топлата бања НЕ Ве заштитува од COVID-19. Вашата нормална телесна температура останува околу 36.5°C до 37°C. независно од температурата на водата во бањата. Ако се бањате со екстремно топла вода ризикувате да се изгорите или прегреете.

Извор: WHO

Неточно! До денес НЕМА никакви информации и докази дека новиот коронавирус се пренесува преку комарци. Новиот коронавирус е респираторен вирус кој примарно се шири преку капки кои се распрскуваат кога заразениот кива или кашла, или преку плунка или исцедок од носот. За да се заштитите често мијте ги рацете со средство на база на алкохол или сапун и вода. Исто така избегнувајте близок контакт со лице кое кашла и кива.

Извор: WHO

Неточно! Апаратите за сушење на раце НЕ се ефикасни при “убивањето” на SARS-CoV-2 вирусот. За да се заштитите често мијте ги рацете со средство на база на алкохол или сапун и вода. Откако ќе ги измиете рацете темелно исушете ги користејќи хартиени бришачи.

Извор: WHO

Неточно! Ултравиолетови светла НЕ треба да се користат за стерилизација на рацете или други делови од кожата, затоа што УВ радијацијата може да предизвика иритација на кожата. УВ светло покажува одреден степен на дезинфекција кога се користи на површини, но ова многу зависи од повеќе фактори, вклучувајќи го растојанието и видот на површината или медиумот.

Извор: WHO

Неточно! Термалните скенери може да лоцираат лица кои имаат треска односно покачена телесна температура, но НЕ МОЖАТ да разликуваат која е причината за температурата (и дали таа е резултат на вирусот SARS-CoV-2). Исто така НЕ МОЖАТ да ги лоцираат заразените лица без симптоми, бидејќи се потребни од 2-10 дена за заразеното лице да се разболи и развие симптоми.

Извор: WHO

Неточно! Прскањето алкохол или хлор по телото НЕМА да ги “убие” вирусите кои веќе влегле во Вашиот организам. Прскањето на такви супстанци може да биде многу штетно за Вашата кожа, очи, уста итн. Алкохолот и хлорот можат да бидат корисни за за дезинфекција на површини, ако се користат согласно соодветните препораки.

Извор: WHO

Неточно! Вакцините против пневмонија, како пневмококна вакција и вакцина против грип тип Б, НЕ нудат заштита против новиот коронавирус. Вирусот е сосема нов и различен, потребна е специфична вакцина која е во фаза на развој. И покрај тоа што овие вакцини не се ефективни против SARS-CoV-2, вакцинацијата против респираторни болести е високо препорачана за заштита на Вашето здравје.

Извор: WHO

Неточно! НЕМА докази дека редовното испирање на носот со физиолошки раствор ги заштитува луѓето од заразување со новиот коронавирус. Ова може да биде корисно за одржување на респираторната мукоза хидрирана, но не значи дека нема да се заразите.

Извор: WHO

Неточно! Лукот е здрава храна која може да има антимикробни и антиинфламаторни својства. Меѓутоа НЕМА докази дека во текот на оваа епидемија јадењето лук ги штити луѓето од зараза со новиот коронавирус.

Извор: WHO

Неточно! Лица од сите возрасти МОЖЕ да бидат заразени со новиот коронавирус (SARS-CoV2).Постарите лица и лицата со претходно постоечки медицински состојби (како астма, COPD, дијабетес, срцеви заболувања) се чини дека се подложни на тешка форма на заболување од вирусот. Сепак, на сите возрасти им се советува да преземат чекори за да се заштитат од вирусот.

Извор: WHO

Неточно! Антобиотиците НЕ ДЕЛУВААТ против вируси, само против бактерии. Новиот коронавирус (SARS-CoV-2) е вирус и, според тоа не треба да се користат антибиотици како средство за превенција или третман. Ако некој развие пневмонија (како бактериска инфекција покрај вирусната), употребата на одредени антибиотици е оправдана, но администрирана само од лекари, никогаш на своја рака!

Извор: WHO

Неточно! До денес НЕМА специфичен лек кој се препорачува за спречување или лекување на новиот коронавирус (COVID-19). Сепак, заразените треба да добијат соодветна нега за ублажување и лекување на симптомите, а оние со тешка форма на болест треба да добијат оптимална здравствена нега во болниците.

Извор: WHO

Неточно! Хируршките маски не се 100% заштита од зарази и можат да Ви дадат лажно чувство на заштита. Тие дури можат да бидат извор на инфекција ако не се користат правилно, затоа мора да ги комбинирате со соодветна хигиена на рацете. Светската здравствена организација препорачува носење на хируршки маски само ако сме болни или ако се грижите за болно лице. Луѓето кои веќе се заразени со вирусот и имаат респираторни симптоми како кашлање или кивање, треба да носат маска за да ги заштитат другите и да го забават ширењето.

Извор: WHO

Неточно! Американскиот центар за превенција за болести (CDC) препорачува носење на облози од траенина за покривање на лицето (во случај на недостаток на хируршки маски) на јавни места каде што другите мерки за социјално дистанцирање тешко се одржуваат (на пр.продавници и аптеки), особено во подрачјата каде е значителен преносот на болеста. Импровизираните домашни маски за лице МОЖЕ да им овозможат на носителите одредена заштита од микроорганизми, од други кои се заразени, но не можат да го отстранат ризикот, па затоа треба да се сметаат како последна можна алтернатива доколку снабдувањето со комерцијални маски за лице не е достапно.

Извор

Неточно! SARS-CoV2 предизвикува заболување што навистина има симптоми слични на грип, како што се болки, висока температура и кашлица. Слично еден на друг, и COVID-19 и грипот можат да бидат во блага, тешка форма или, во ретки случаи, фатални. И двете можат да доведат до пневмонија. Сепак, постојат разлики. Целокупниот профил на COVID-19 е посериозен. Проценките варираат, но бројот на секундарни инфекции кај една заразена личност е поголем отколку кај грипот. Исто така, стапката на смртност на SARS-CoV-2 се чини дека е помеѓу 3-4%, што е повисока во споредба со сезонски грип, што е далеку под 0,1%.

Извор 

Неточно! Моменталното ширење на COVID-19 резултат на пренесување од човек на човек. Покрај тоа што некои животни се тестирани и позитивни на вирусот, до денес НЕМА потврдени докази дека домашните миленици играат значајна улога во ширењето на болеста. Затоа, не постои оправдување во преземањето мерки против животните кои можат да ја загрозат нивната благосостојба.

Извор

Неточно! Колку подолго сте во контакт со заразено лице, толку е поголема веројатноста тие да го фатите вирусот, сепак, можно да се заразите и за помалку од 10 минути.

Извор: WHO

Неточно! Вируси НЕ МОЖАТ да патуваат по радио бранови / мобилни мрежи. COVID-19 се шири во многу земји кои немаат 5G мобилни мрежи. Новиот коронавирус се шири преку респираторни капки кога заразено лице кашла, кива или зборува. Луѓето исто така можат да се заразат непосредно со допирање прво на загадена површина а потоа на очите, устата или носот.

Извор: WHO

Неточно! SARS-CoV-2 е седми коронавирус за кој е познато дека ги инфицира луѓето. SARS-CoV, MERS-CoV и SARS-CoV-2 можат да предизвикаат сериозни заболувања, додека HKU1, NL63, OC43 и 229E се катактеризираат со благи симптоми, одговорни за обична настинка. Истражувачи направиле преглед на компаративните анализи на геномските податоци и покажале дека SARS-CoV-2 НЕ е лабораториска конструкција или намерно манипулиран вирус.

Извор